Трамп за Белорусија: Се чини дека нема многу демократија таму

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе разговара со Русија за ситуацијата во Белорусија и протестите против белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Трамп пред новинарите во Белата куќа изјави дека се чини дека нема „многу демократија во Белорусија“, во која со денови се одржуваат протести против Лукашенко, пренесува Ројтерс.

Протестите започнаа на 9 август, веднаш откако Лукашенко објави дека тој извојува убедлива победа на претседателските избори што се одржаа тој ден.

Демонстрантите веруваат дека изборите биле лажирани и бараат нови.