Дали покрај МНР, ДУИ ги добива и Министерствата за финансии и економија?

од Nikola Popovski
263 прегледи

Организацискиот секретар на ДУИ, Артан Груби преку објава на Фејсбук потврди дека ДУИ го добила Министерството за надворешни работи.

„Покрај премиер, тројца албански министри за надворешни работи во регионот. Историја!“, напишал Груби.

Сепак од неофицијални информации, најголемата албанска партија во државава ги добила и Министерствата за финансии и економија, но би ги избрале и кандидатите кои би ги предводеле Министерствата за животна средина и информатичко општество и администрација.

Интересено е што истото синоќа го потврди и лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски во гостувањето на „Само вистина“.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, откри дека дел од коалицискиот договор е последните 100 денови од мандатот, премиерот да биде на предлог на интегративците, а дотогаш, односно нешто помалку од четири години, на чело на Владата би бил токму претседателот на СДСМ.

Се очекува Талат Џафери да остане старо-нов претседател на Собранието.