Рама: Честитки до сите за новата влада, особено до Ахмети

од Nikola Popovski
181 прегледи

Премиерот на Албанија, Еди Рама го поздрави договорот меѓу лидерите на СДСМ, Зоран Заев и ДУИ Али Ахмети за формирањето на новата влада на С. Македонија.

Рама оценил на Твитер дека договорот е важен за Албанците кои живеат во нашата држава.

„Важен ден за Албанците од Северна Македонија кои, благодарение на договорот со победникот на изборите, Зоран Заев, добија нова тежина во политичкиот живот на соседната земја. Честитки до сите, особено до Али Ахмети, кој со мудроста на своето долгогодишно раководење направи толку многу“, напиша албанскиот премиер.

Мандатарот за формирање влада, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера постигна договор со сегашниот коалициски партнер, албанската партија ДУИ, за ново владејачко мнозинство, што предвидува остапување на премиерското место на партијата на Ахмети, 100 дена пред наредните редовни избори.