ДУИ: Овие узурпатори на албанската опозициска сцена не ги претставуваат албанските граѓани

од Nikola Popovski
224 прегледи

ДУИ во соопштение порачуваат дека на Албанците од Северна Македонија не им е потребна недостоинствена и деструктивна опозиција која им се спротивставува на сите раководители на институции во Албанија и во Косово.

„Овие узурпатори на албанската опозициска сцена не ги претставуваат албанските граѓани, ниту нивните гласачи кои се дистанцираат од овие скандалозни ставови на узурпирачките лидери на опозициските партии. Единствената цел на нивното недостоинствено однесување е да избегнат одговорност за сите порази и неуспеси и да продолжат со узурпацијата на нивните партии и албанската опозициска сцена“, пишува во соопштението од ДУИ.

Оттаму на опозицијата ѝ порачуваат дека ќе продолжи да стои на приемните шалтери во ходниците на СДСМ и ВМРО во наредните четири години за да ги поткопа политиките што ги напредуваат Албанците во оваа земја.

„Ве поканивме да ни се придружите, не за да не поддржувате, туку да владеете со нас и да ги споделуваме успесите заедно, но вие ја напуштивте албанската тркалезна маса и работевте дење и ноќе за неуспехот на историскиот договор за Албанците и сите граѓани од Северна Македонија. Албанците не само во Македонија, туку секаде нема да го заборават или простат ова недостоинствено, деструктивно и срамно однесување“, додаваат од ДУИ.

Али Ахмети и ДУИ, како што велат од партијата, ветиле дека ќе продолжат да работат за достоинствена опозиција затоа што на Албанците им треба способен, достоинствен, визионерски и конструктивен претставник, а не обични узурпатори и сериски губитници.