Куба Гудинг Џуниор повторно обвинет за силување

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Познатиот американски актер Куба Гудинг Џуниор се соочи со нови обвинувања за сексуална злоупотреба. 52-годишниот добитник на Оскар беше обвинет за силување жена двапати во 2013 година.

Неидентификувана жена изјавила дека инцидентот се случил во хотелската соба на Гудинг во Њујорк, откако го запознала актерот.

Ја поканил во хотелот „Мерцер“, каде престојувал, по што ја замолил да дојде во неговата соба за да се пресоблече. Жената инсистирала да ја напушти собата, кога започнал да се соблекува. Актерот, наводно, ја блокирал вратата, ја турнал во креветот и ја силувал.

Адвокатот на Гудинг, Марк Џеј Хелер, ги негираше обвиненијата против неговиот клиент.

Гудинг, кој освои Оскар за споредна улога во филмот „Џери МекГваер“, веќе се соочува со шест точки од обвинението за сексуална злоупотреба и присилно допирање.

Тој се изјасни за невин по обвиненијата дека во 2019 година сексуално малтретирал три различни жени во клубови во Њујорк.

Слични содржини