Се подготвува хаос во Белорусија? Полицијата со наредба да ги задуши протестите, засилена контролата на границите

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека му наредил на Министерството за внатрешни работи да стави крај на немирите во Минск што избувнаа по претседателските избори што се одржаа на 9 август.

Според агенцијата „Белта“, Лукашенко исто така изјавил дека група на медиумски работници, кои им пристапиле на протестите со штрајк, не треба да им се дозволува да се вратат на работа, пренесува Ројтерс.

Исто така, им наредил на граничните власти да ја зголемат безбедноста на границите со цел да спречат влез на „борци и оружје“ во земјата.

Според медиумската мрежа „Спутник“, помошникот на Лукашенко, Валери Белски откри дека е предизвикана материјална штета од најмалку 500 милиони американски долари во немирите за време на протестот.

– Во моментов штетите се најмалку 500 милиони долари. Вкупната бројка може да достигне милијарди. Поради ова уништување, ние веќе не сме толку привлечни за инвестиции и се зборува за воведување санкции за Белорусија – рече Белски, пренесува агенцијата „Белта“.

Слични содржини