ДУИ потврди: Бујар Османи во МНР, Бесими во финансии, а Груби вицепремиер

од Aleksandar Petrovski
190 прегледи

ДУИ го објави списокот на предлог министри за новите министерства на кои ќе има нивни кадри.

Вечерва партијата на состанокот на централното раководство ги потврди предлозите, а тие се:

Министерство за финансии – Фатмир Бесими
Министерство за надворешни работи – Бујар Османи
Министерство за информатичко општество – (ќе биде дополнително одлучено)
Министерство за животна средина – Насер Нуредини
Министерство за економија – Крешник Бектеши
Министерство за политички систем и вицепремиер – Артан Груби

Од претходно беше познато дека Талат Џафери ќе остане претседател на Собранието и во следните четири години.