Германија воведува законска обврска за шетање кучиња 2 часа на ден

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Сопствениците на кучиња во Германија наскоро ќе бидат обврзани со закон да ги шетаат своите миленици барем двапати на ден, пишува „Гардијан“.

Германската министерка за земјоделство, Јулија Клокнер изјави дека новиот закон е предложен врз основа на докази дека голем дел од 9,4 милиони кучиња во земјата не вежбаат доволно и не се доволно физички активни. Кога ќе стапи на сила „Hundeverordnung“, т.е. Законот за кучиња, сопствениците на кучиња нема да можат да се извлечат само со брза прошетка, туку ќе треба да го изнесат своето куче барем на час долга прошетка итоа двапати на ден.

Министерката Клокнер рече дека овие правила се засноваат на научни докази кои покажуваат дека на кучињата им треба „доволно активност и контакт со нивната околина“, вклучително и други животни, природа и луѓе. Забрането е и држење кучиња на ланец или премногу долго водење на поводник.

Покрај тоа, на кучињата не може да им биде дозволено да останат сами дома цел ден, а сопствениците ќе треба да се грижат за нив неколку пати на ден.

„Кучињата не се играчки. Тие исто така имаат свои потреби да бидат земени предвид“, рече Клокнер.

Веста за новиот закон, кој беше претставен оваа недела и треба да стапи на сила следната година, предизвика многу жива дебата во германското општество.

Главното прашање е кој и како ќе провери дури 19 проценти од германските домаќинства кои имаат кучиња и кои се како домашни миленици по популарност веднаш зад мачките.

Портпаролот на Министерството за земјоделство рече дека локалните самоуправи од 16 германски сојузни држави ќе бидат одговорни за спроведување на законот.

Но, шегите за новиот закон доаѓаа и од партијата на Клокнер, Демохристијанската унија (ЦДУ). Една членка на партијата, Сасија Лудвиг, рече дека за време на неодамнешниот топлотен бран не е здраво за кучињата да останат надвор толку долго. Таа напиша на Твитер: „Јавно објавувам дека нема да го однесам моето куче на прошетка двапати по час на температура од 32 Целзиусови степени. Наместо тоа, попрво би скокнале во реката за да се освежиме“.

Барбел Клејд, сопственик на петгодишниот јоркширски териер Сем, вели: „Ме навредува кога некој ќе ми каже колку долго треба да шетам со моето куче. И кој ќе го провери тоа? Дали соседите ќе ја повикаат полицијата кога се сомневаат дека Сем не прошетал доволно? Тој не би издржал два часа прошетка во секој случај“.

Волтер Швеиз вели дека неговото куче, 14-годишниот германски овчар Блу, има рак и може само да прошета низ нивната куќа во Келн: „Ние треба да ги оставиме луѓето на мир. Што ќе ни кажат следново? Колку пати треба да ја исчистиме кутијата сопесок за мачки?“

Слични содржини