Џафери денеска треба да биде избран за старо-нов претседател на Собранието

од Nikola Popovski
207 прегледи

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по седницата на Централниот совет на партијата, најави дека Талат Џафери денеска повторно ќе биде избран за претседател на Собранието.

Иако официјално се уште нема закажана седница, најавите за денешниот избор се очекуваат во наредните часови.

„Ова владеење е владеење на рамноправноста. Утре ќе го избереме претседателот на Собранието, нашиот пријател Талат Џафери, а потоа и нашите други пријатели“, изјави синоќа Ахмети.

Се очекува предлогот за избор на Џафери за собраниски спикер да биде поднесен во Парламентот со потписи од 20 пратеници.

Претседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници.

Со изборот на собранискиот спикер, првпат треба да се потврди новото парламентарно мнозинство, што  го сочинуваат 62 пратеника – 46 на СДСМ и Коалицијата „Можеме“, 15 на ДУИ и еден на ДПА.