„Пред нас се 4 години домашни реформи во кои пред нас ќе гледаме како земјата ни се трансформира кон подобро. Ова се 4 години во кои како земја многу повеќе ќе добиеме отколку што ќе дадеме.“-истакна претседателот на СДСМ ,Зоран Заев на вчерашното обраќање до јавноста по оддржувањето на ЦО на СДСМ и соопштувањето на новиот состав на Владата.

Со таквата изјава претседателот на СДСМ алудира на очекувањата од започнувањето преговори со ЕУ и отворање на поглавјата кои носат структурни реформи во ресорите на кои тие се однесуваат. Покрај тоа, со започнување на преговарачкиот процес, државата добива пристап до поголеми европски фондови кои ќе се доделуваат строго наменски.
СДСМ и во предизборната кампања, вети дека за време на преговарачкиот процес, на Северна Македонија на располагање и стојат 2,5 милијарди евра европски пари за инвестиции во здравството, образованието, земјоделството, инфраструктурата итн.
Заев потсети дека токму исправните политики на СДСМ и Владата која ја преводеше изминатите години ја донесоа земјава на патот кон напредокот и ги повика сите да се вклучат и да работат двојно повеќе за да се забрза напредокот на државата .