Меркел и Макрон исцртуваат нова насока за Европа, мора да се држат заедно

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ќе се состанат во средновековната островска тврдина во Средоземното Море за да ги претстават следните чекори за партнерство што е движечка сила на Европската унија.

Во рамките на ѕидовите на „Форт де Бреганцона“, традиционалната летна резиденција на француските лидери, германската канцеларка и францускиот претседател ќе разговараат за решавање на најитните проблеми на глобално ниво, пренесува Хина.

Тие ќе разговараат за Либан, антивладините протести во Белорусија, кризата „Ковид-19“, пучот во Мали и тензиите меѓу Грција и Турција, изјави официјален претставник од канцеларијата на францускиот претседател.

Во исто време, Меркел – имајќи го на ум своето наследство откако се навршуваат нејзините 15 години на власт – се обидува да консолидира напредок за некои долгогодишни цели, далеку од секојдневната драма на меѓународните работи. Ова вклучува, според двајца високи германски владини извори, Европа да има односи со Кина, да размислува за форматот на ЕУ по заминувањето на британците и да ја одреди улогата на Европа како одбранбена сила што треба да биде во согласност со нејзината економска моќ.

– И двајцата (Меркел и Макрон) се свесни дека ЕУ е во круцијален период и дека Франција и Германија – иако имаат различни ставови за многу прашања – ќе треба да се држат заедно – рече еден од двата извори од германската влада. Меркел и Макрон во јули работеа да ги убедат раскараните земји-членки на ЕУ да се согласат и да му дадат на блокот, за прв пат во својата историја, моќ заеднички да го преземат товарот за финансирање на закрепнувањето од „Ковид-19“.

После тоа достигнување, вниманието сега се свртува кон она што дуото сè уште можеше да го стори пред крајот на мандатот на Ангела Меркел и француските претседателски избори во 2022 година.

– Оваа посета сведочи за вонредното ниво на француско-германскиот ангажман на билатерално, европско и меѓународно ниво – рече официјален претставник од канцеларијата на францускиот претседател.

Слични содржини