Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис категорично ги отфрли обвинувањата дека барателите на азил илегално се оставаат на море и тврди дека станува збор за „дезинформација“ што ја шири Турција.
„Грција е земја што го почитува владеењето на правото, ние дадовме азил на десетици илјади луѓе“, изјави Мицотакис синоќа за Си-Ен-Ен.
Њујорк Тајмс во анализата од 14 август изјави дека Грција ги остава мигрантите на море за да бидат спасени од турската крајбрежна стража.
Весникот наведува дека добиле изјави на мигрантите кои минувале низ таа ситуација и дека нашла докази од организации за човекови права, како и од турската крајбрежна стража.
Според Њујорк Тајмс, повеќе од 1.000 мигранти останале на море од март.
„Ако има некаков инцидент што треба да се испита (…), јас ќе бидам првиот што ќе го испитам“, прокоментира премиерот, ставајќи го во прашање кредибилитетот на таа истрага.
Односите меѓу Грција и Турција се многу тензични, особено поради споровите околу поморските области каде Анкара започна со истражување на гас. Атина смета дека овие области се под нејзин суверенитет.
Организациите за човекови права во неколку наврати ја повикуваа грчката влада да ги испита тврдењата за враќање на мигрантите, но Атина ги негираше овие обвинувања.