Најавениот избор на претседател на Собранието ќе се одржи утре. На функцијата треба да биде реизбран претседавачот и претседател на минатиот собраниски состав Талат Џафери, кој треба официјално да го закаже продолжението на конститутивната седница.
Според собраниски извори, одложувањето на денешната седница е поради отсуство на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Дел од медиумите пишуваа и за несогласувања во редовите на пратениците од ДУИ.
Со изборот на Џафери треба да биде и официјализирано мнозинството во Парламентот по склучениот договор за владина коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, а во која влегуваат партиите од коалицијата „Можеме“ и ДПА на Мендух Тачи. Според бројот, владејачкото мнозинството би имало 62 пратеници.