Уапсен Стив Бенон, поранешниот советник на Трамп

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Стив Бенон, поранешен советник на американскиот претседател Доналд Трамп, беше уапсен денес.

Бенон е обвинет за измама во кампањата „Изгради ѕид“, која се фокусираше на спречување на пристигнување на мексикански имигранти во Соединетите држави.

Поранешниот идеолог на Трамп за изборната кампања беше уапсен за учество во кампања што собра пари за приватен проект за изградба на ѕид на границата со Мексико.

Тој е обвинет дека на измама зел 25 милиони долари собрани за изградба на овој ид.

Министерството за правда на САД поднесе обвинение против уште три лица под сомнение за сторена измама.

Слични содржини