Белоруската опозиција ги кани армијата и полицијата на состанок

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Белоруската опозиција реши да го прошири составот на Координативниот совет и им предложи на вооружените сили на Белорусија да одржат состанок на кој ќе бидат разгледани барањата на мнозинството граѓани.

„Донесена е одлука да се прошири составот на Координативниот совет со цел да им се придружат голем број професионалци, кои се подготвени да работат на решавање на политичката криза“, се вели во соопштението на Советот.

Советот не прецизираше колку членови ќе има сега. Порано се состоеше од 70 лица. Претходно беше објавено дека Советот за координација на белоруската опозиција избра седумчлен президиум за трансфер на власта на состанокот во средата.

Во исто време, КС на опозицијата им предложи на армијата и полицијата на Белорусија да одржат состанок, за да разговараат за нивните барања.

„Најновите вести од Советот за координација се следните: „20. август 2020 година, официјалните обраќања беа испратени до Јавното обвинителство, Истражниот комитет, Министерството за внатрешни работи и Комитетот за државна безбедност (КГБ), барајќи да се одржат итни состаноци за да се разгледаат барањата на мнозинството белоруски граѓани“, стои во објавата на советот на„Телеграм“ каналот.

Главниот обвинител на Белорусија, Александар Коњук, во четвртокот објави дека е покрената кривична постапка поради формирање на Координативниот совет на опозицијата. Обвинителот рече дека нивната активност е противуставна и дека формирањето на такви тела не е предвидено со закон.

За вакви обвиненија се лежи до пет години затвор.

Слични содржини