
Поранешниот стратег за кампања на Доналд Трамп, Стив Бенон, се изјасни за невин, откако беше обвинет и уапсен во Њујорк поради измама.
Бенон е обвинет за измама во кампањата „Изгради ѕид“, која се фокусираше на спречување на пристигнување на мексикански имигранти во САД.
Поранешниот идеолог на Трамп за изборната кампања беше уапсен за учество во кампања што собра пари за приватен проект за изградба на ѕид на границата со Мексико.
Бенон, заедно со тројца соработници, беше обвинет во четвртокот од истражителите од јужниот округ во Њујорк. Тие тврдат дека група конзервативни лидери ги измамиле своите донатори, што довело до собирање на повеќе од 25 милиони долари за изградба на ѕид долж јужната граница на САД, се наведува во соопштението.
Обвинителите тврдат дека обвинетите заедно добиле стотици илјади долари донации за проектот „Изгради ѕид“, што тие ги користеле на начин што не бил во согласност со јавните презентации на организацијата.
Во обвинението се тврди дека организацијата потрошила пари за изградба на граничниот ѕид, но исто така се наведува дека „стотици илјади долари биле шифрирани“ за лични потреби и придобивки“ на обвинетите.
Парите, наводно, биле користени „за разни лични трошоци, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, патувања, хотели, потрошувачки производи и долгови за лични кредитни картички“.
„Овој случај треба да послужи како предупредување за сите други измамници дека никој не е над законот, дури ниту воен инвалид или милионерски политички стратег“, рече главниот инспектор Филип Бартлет, пренесува „Аксиос“.
Многумина го сметаат за најзаслужен за победата на Трамп на претседателските избори, а токму тој ја смисли кампањата што се фокусираше на конзервативните бели гласачи.
Пред две години тој го налути Трамп кога ги коментираше средбите на неговиот и синот на Трамп со Русите пред изборите во книгата на Мајкл Волф „Оган и бес: во Белата куќа на Трамп“, по што Трамп рече дека „Бенон го изгубил умот“.