СДСМ: Мицкоски да го исполни ветеното – оставка во случај на пораз на изборите

од Nikola Popovski
135 прегледи

СДСМ излегоа со соопштение во кое велат дека Оопозициската ВМРО-ДПМНЕ, по поразот на парламентарните избори паѓа во се подлабока конфузија, а Христијан Мицкоски очајно бара алиби и ги погазува сопствените ветувања.

„Наместо да се соочи со реалноста, за ВМРО-ДПМНЕ кукавичлук е нивниот претседател да замине од својата функција во Белиот дворец, да даде оставка, која ја вети пред граѓаните ако биде поразен на изборите или доколку не направи Влада. Двата услови се исполнети ВМРО-ДПМНЕ загуби на парламентарните избори, а коалицијата предводена од СДСМ обезбеди парламентарно мнозинство за формирање на ефикасна влада со стабилен четиригодишен мандат, која ефикасно ќе им служи на граѓаните и ќе ја води државата право напред во Европа. Мицкоски не може да и погледне на реалноста во очи, да понесе одговорност за својот неуспех и да го исполни она што самиот го вети пред изборите – оставка во случај на пораз“, стои во соопштението на партијата.