Силјановска: Честитки за внукот на Џафери, но ако можат мајките да не присуствуваат на мекиците, тогаш се може и без дедото

од Nikola Popovski
196 прегледи

Пратеничката Гордана Силјановска од редовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, на продолжението на конститутивната седница на Собранието, му се обрати на Талат Џафери дека раѓањето на внукот не е причина да се одложи на седницата.

„Собранието се конституира со избор на претседател на Собранието. Ние се информиравме од медиумите. Мислам дека и претседавачот треба да води сметка за Деловникот и не е ексклузивен во диктирање на условите. Не може да ги откажува и закажува кога сака. Честитки за внукот, но тоа не е причина за откажување на седницата. Ако можат мајките да не присуствуваат на мекиците, тогаш може и без дедото“, вели Силјановска.

Претседателот Џафери, пак, образложи дека седница не била закажана.