Џафери без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за пак да биде спикер: „Ако денот по утрото се познава ќе имаме лош ден“

од Nikola Popovski
210 прегледи

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски од собраниската говорница истакна дека Џафери неуспешно го менаџирал целиот процес и токму затоа нема да гласаат по предлогот Џафери да биде избран за претседател на Собранието.

Тој додаде дека во изминатиот период Деловникот бил постојано прекршуван и обвини дека 40% од законите биле носени по скратена постапка со што била оневозможена дебата.

„Ако денот по утрото се познава ќе имаме лош ден. Да дадеме пример дека овој законодавен дом може да работи и по закон и по устав, но ова владејачко мнозинство е истото владејачко мнозинство што го злоупотребуваше Деловникот на Собранието. Со 62 пратеника нема функционалност ниту стабилна работа во овој законодавен дом, а нема ниту далеку да стигне“, вели Мицевски.

Од Алијанса за Албанците исто така посочија дека нема да гласаат за реизбор на Талат Џафери за претседател на Собранието.