Милошоски: Џафери нема капацитет, Заев за него зборуваше дека е нечесен

од Nikola Popovski
150 прегледи

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, од собраниската говорница изјави дека нема да гласа за изборот на Талат Џафери за претседател, за што имал два аргументи.

„Првиот аргумент е искуството што го имам од претходниот мандат. Во октомври 2019 година Џафери го прифати Законот со марихуана, злоупотребувајќи го европското знаменце. Имаше и други закони кои беа со европско знаменце, а немаа допирна точка со европската регулатива. Поточно, Џафери не покажа капацитет и не верувам дека и сега ќе го направи тоа“, рече Милошоски.

Како втор аргумент пак го посочи тоа дека Џафери немал кредибилитет, односно СДСМ сега го поддржува, а во текот на кампањата удирале со дрва и камења по раководството на ДУИ.

„Заев рече: ‘Ги слушам ДУИ, тие не се борат за народот, туку за власт и пари‘. Заев да каже дали Џафери е во оваа категорија, а ако не е, нека каже за кого зборувал. Заев велеше: „Ќе го победиме ДУИ во 6-та, зошто на народот му е преку глава од квази патриот и  квази националисти“. Па затоа сега Џафери нека избере што е!  Како сега да му веруваме на Заев и на СДСМ дека ќе гласаат за чесен претседател, а не за некој кој преку партијата го обвинувал за криминал. Или нека се доизјаснат, нека речат дека мислат дека Талат е чесен, а мислеле на други членови од ДУИ“, рече Милошоски.