„Излезете со јавни статуси за поддршка на претседателот. На ваши профили и од страните на Унија на жени. Веднаш.” – Ова е пораката од претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, во телеграм комуникацијата испратена до сите претседателки на Општински комитети.

На претседателката, подолу во комуникацијата се надоврзува секретарката на Унијата на жени, Лилјана Затуровска која ги убедува и моли останатите во групата да останат единствени и како што пишува, да не подлегнуваат на провокации.


Ова се случува откако денеска од иницијативниот одбор побараа оставка од Мицкоски и вонреден конгрес за избор на ново раководство на ВМРО-ДПМНЕ.