Градоначалникот на Илинден: Актуелното раководство на ВМРО ДПМНЕ за три години не се покажа пред граѓаните дека е сериозна структура

од Nikola Popovski
156 прегледи

Општина Илинден започна со опремување на нова, модерна детска градинка во Миладиновци со која се решава дел од проблемите на близу 4000 жители кои живеат во околните места.

Општина Илинден е пример дека ВМРО-ДПМНЕ знае и има капацитет да ги води институциите и да работи за добро на граѓаните,  вели во својата писмена реакција Жика Стојановски, градоначалникот на Општина Илинден од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој е и член на Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на партијата.

„За да ја добиеме таа можност, мораме најпрво да им прикажеме на граѓаните дека сме сериозна структура која води конзистентни политики за добро на државата. Мора прво да ја освоиме нивната доверба и потоа да ја оправдаме истата. Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ имаше три години можност да го стори тоа. За жал не успеа ниту на претседателските, ниту на локалните избори во Охрид и Ново Село, ниту на последните парламентарни избори. Затоа, време е за вонреден конгрес на кој што ќе избереме ново раководство кое што ќе го врати ВМРО-ДПМНЕ на победничките патеки“, соопшти Стојановски.