Падна снег во неколку јужно австралиски држави како резултат на навлегувањето на ладните воздушни бранови од Антарктикот, поради што патиштата беа затворени во некои делови од земјата.
Фотографии од градови и пејзажи под снег покрај Нов Јужен Велс, Викторија и островот Тасманија ги преплавија социјалните мрежи додека локалното население брза да ја фотографира оваа ретка појава.
„Снегот падна во Канбера, а неколку снегулки паднаа врз зградата на парламентот“, соопшти Централното биро за метеорологија.
Повеќе од еден метар снег падна во планинските области, а студеното време ќе продолжи и во наредните денови.
Во некои делови на Нов Јужен Велс, температурата падна под 10 Целзиусови степени.
На јужната хемисфера од крајот на јуни до крајот на септември е зима.