ПОЖАР КАКОВ КАЛИФОРНИЈА НЕ ПАМЕТИ: Повеќе од 12.000 пожарникари се борат против 560 пожари! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Додека повеќе од 12.000 пожарникари се борат во Калифорнија против 560 пожари, гувернерот Гавин Њусом рече дека побарал средства и поддршка не само од другите држави на САД, туку и од Канада и Австралија.

Гувернерот рече дека Австралија е земја на „најдобрите борци против пожари во светот“.

Њусом соопшти дека пожарите „несразмерно влијаеле“ на северниот дел на Калифорнија, каде десетици илјади луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови и каде биле уништени стотици домови и други објекти.

„Вакво нешто не сме виделе многу, многу години“, рече Њусом, додавајќи, „Овие пожари ги трошат нашите ресурси, нашиот персонал“.

Најмалку шест лица загинаа, а 43 се повредени, меѓу кои и пожарникарите, во пожарот што изгоре околу 2.020 квадратни километри за време на историскиот топлотен бран.

Илјадници години стари дрва на Редвуд се загрозени од пожар.

Слични содржини