Предупредување на ОН: Ни се заканува глад од библиски размери, планетата ја очекува катастрофа поради пандемијата

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Пандемијата на коронавирус може да доведе до катастрофа од епски размери, а милиони луѓе низ целиот свет би се соочиле со гладување, предупредуваат ОН.

„Сите податоци што ги имаме, вклучително и прогнозата на WFP, покажуваат дека стапката на неисхранети луѓе ќе се зголеми за 80 проценти до крајот на годината … што покажува вистинска катастрофа“, рече Дејвид Бизли, извршен директор на Програмата за храна при ОН (WFP).

„Ни се заканува глад од библиски размери“, предупреди тој.

Брзото зголемување на бројот на луѓе кои не можат да јадат ќе биде непосреден резултат на пандемијата. Долгорочните штети ќе бидат реализирани во наредните години.

– Очигледно, ќе има зголемување на социјалните тензии, миграцијата, конфликтите ќе ескалираат и гладот ​​веројатно ќе влијае на оние кои претходно не го искусиле – изјави Бизли за ТАСС.

WFP проценува дека Латинска Америка ќе ја доживее најдраматичната промена кога станува збор за ова, со зголемување на неисхранетоста од дури 269 проценти.

Безли предупреди дека нивото на глад во светот е веќе високо.

– Ако нешто не се стори, многу ќе умрат, децата ќе страдаат од последиците од неисхранетост со години, а светот ќе го изгуби целиот напредок постигнат во борбата против гладот ​​во изминатата деценија – нагласи тој.

Оваа година, околу 138 милиони луѓе во 83 држави се потпираа на помошта за снабдување со храна на WFP. За многумина, телото на ОН е „последната надеж за опстанок“.

Во Јужен Судан, на списокот со пет милиони се додадени 1,6 милиони луѓе на кои им е потребна помош. Во Јемен, WFP храни 13 милиони луѓе. Ситуацијата во Либан стана особено критична во последните две недели, бидејќи голема експлозија уништи ланци за снабдување.

Слични содржини