Бред Пит се подготвува за естетска корекција

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Иако важи за еден од најголемите заводници во Холивуд, актерот Бред Пит ја изгубил самодовербата со годините поради својот изглед, па затоа започнал да се распрашува за естетски корекции, а потоа решил да помине една операција, јавуваат странските медиуми.

„Бред започна да забележува брчки на лицето, а на него особено му пречат брчките што се од носот до устата. Овие брчки се нормален дел од физиономијата на човечкото лице, но кога кожата е млада и затегната, тие се вклопуваат хармонично во лицето и не претставуваат естетски проблем. Меѓутоа, како што кожата се опушта и со тек на време, назолабијални набори се продлабочуваат, што доведува до постар израз на лицето. Затоа Бред се одлучил за дермални фирели со кои ќе се обиде делумно да го прикрие овој проблем“, изјавил наводно естетскиот хирург, кој исто така изјавил дека Пит токму затоа носи мустаќи.

Слични содржини