283
Прилепчанка се здобила со тешки телесни повреди откако била прегазена од мопед.
-Вчера попладнето во околу 18:10 часот на ул.„Димо Наредникот“во Прилеп, мопед управуван од засега непознат возач удрил во пешакот А.А.(18) од Прилеп и го напуштил местото. Од ударот А.А. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп – информира МВР.