Помина 23 Август, денот кога се сеќаваме на сите жртви на тоталитарните и авторитарни режими во 20 век. Ова зло не смее да се заборави, велат од Македонски концепт.
Оттаму додаваат дека во Македонија ниту една институција не го одбележала овој значаен ден!
„Тоа е најголем доказ дека Македонија сеуште не е слободна. Фактот на немање капацитет на државните институции, јасно и недвосмислено да ги осудат тоталитарните режими, особено комунизмот, резултираа на овие избори со целосно идеолошко застранување, кое не одведе во сосема погрешен правец, Парламентот стана дувло на национал – болшевизам! Тоа мора да падне.Македонија е независна но сеуште не е слободна. Време е за следниот чекор. Да ја ослободиме Македонија!“, вели Петар Богојески од Македонски концепт.