Oткако ќе бидат избрани потпретседателите на парламентот, предлогот за нова влада ќе биде доставен до Собранието изјавил за ТВ21 мандатарот Зоран Заев.

– Прво парламентот мора да го утврди бројот на потпретседателите во парлаемнтот и уште некои други одлуки, а исто така треба да го верифицира мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Штом заврши Собранието со сите овие претходни постапки, веднаш ќе го доставам предлогот за влада и владината програма до парламентот – рече Заев.