Владата информира дека премиерот и министрите кои на последните избори беа избрани за пратеници, ја земат единствено и исклучиво платата за нивниот ангажман во Владата, до моментот на траење на нивниот ангажман во Влада, а не и од Собранието.

Оваа информација дојде откако Државната комисија за спречување на корупцијата и конфликтот на интереси забележа дека членови на Владата кои се избрани за пратеници ќа земат две плати.
„Владата како и досега, останува на силната поддршка за транспарентно и отчетно работење на сите институции во борбата против корупцијата и спречувањето конфликт на интереси, и ќе ја афирмира секоја дебата во таа насока базирана на факти и аргументи“, соопшти владината прес-служба.
Во моментов неколку министри од актуелната влада се пратеници, како премиерот Оливер Спасовски, шефот на дипломатијата, Никола Димитров, министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, вицепремиерската за економски прашања, Мила Царовска, министерот за образование, Арбер Адеми.