Во гостувањето во Само Вистина, актерот Сашо Тасевски смета дека ДУИ се недопирливи за многу работи во државата.

-Заради тие политички пазари во последните 30 години, најмногу трпат националните интереси, најмногу трпи благостостојбата на народот. Треба објективно да се погледне на работите во Македонија има една партија од албанскиот блок која владее од 2001 година и која што никој не може да ја смени, тоа е најмоќната партија, помоќна од двете македонски. Што и да се случи македонските може да ротираат ама таа партија гледаме дека е фикс во било која власт. Очигледно дека ДУИ се недопирливи за многу работи, не е точно дека ги нема на ниту едни снимки, меѓутоа тие снимки заради икс причини никој не ги објавува или не смее да ги објавува или тие што беа објавени беа многу брзо тргнати од мрежите, рече Тасевски.