Ахмети: Предлогот на министри од ДУИ останува ист и непроменет

од Aleksandar Petrovski
137 прегледи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети за ТВ21 изјави дека предлог-составот на министрите на ДУИ останува ист и непроменет. Ахмети објасни дека нема нови имиња од неговата партија и покрај неколкуте барање кои ги имаше внатрешоста на партијата.

Заев денеска изјави дека предлог програмата и составот на нова влада ќе ги поднесе до Собранието откако истото ќе одлучи за своите заменик потпретседатели.

Џафери за утре во 11 часот закажа седница на која треба да биде избрани потпретседатели на Собранието.