Се уште нема утврдено точен датум за стартот на учебната година.
Родителите почнаа да добиваат анкетни листови за тоа дали ќе прифатат нивното дете да посетува онлајн настава или настава со физичко присуство.
„Со овој анкетен лист треба да се изјасните дали сте соласни или не сте согласни вашето дете да посетува настава со физичко присуство во училница, согласно капацитетот на училиштето , според планот и протоколите на Министерството за здравство и Министерството за образование и наука“, стои во пораката од родител на основец во скопско училиште.
Коронавирусот покажа колку дигитализацијата во образованието е неопходна за успешно спроведување на онлајн настава.
И од опозицијата критикуваат дека на само некоку дена пред почетокот на новата учебна година родителите, учениците и наставиците не знаат што треба да прават.Од власта пак уверуваат дека ќе има успешна онлајн настава. Платформата која ќе се користи е на ниво како во другите европски земји.
Комисијата за заразни болести предложи родителите на учениците до трето одделение да бираат дали нивните деца ќе одат во училиште или ќе учат онлајн.
-Комисијата за заразни болести сметаше дека е многу ризично сите деца да се вратат во училиште без никакво ограничување во затворена просторија. Затоа излеговме со став дека наставата треба да почне да се одвива онлајн, освен во првите три одделенија каде е неопходно физичко присуство на децата.
Овој став на Комисијата го базиравме на информациите и фактот дека ниту во една земја од Европа не може да се предвиди што може да се случи наесен. Во оваа ситуација, стравуваме дека транспортот од и до училиште, комуникацијата на децата на одморите, за време на влез во училиштето, во заедничките простории, во ходниците, во есен во која едноставно не знаеме со што се соочуваме, и што може да нѐ чека, е премногу ризично.
Добро е што е прифатен овој наш предлог и што за него се постигна согласност и со ресорното Министерство за образование. Кога станува збор за ставот за физичко присуство на децата од прво до трето одделение, нашата анализа покажа дека кај најмалите стапката на заболување е најмала, некаде околу 3,4 отсто, и тие имаат сосем лесна форма на болеста или се практично асимптоматски носетели. Меѓутоа и овде е дадена и опција родителите да можат да одлучат дали нивните деца ќе посетуваат настава со физичко присуство или онлајн од причина што можеби некои родители имаат хронични болести или ги чуваат баби и дедовци кои се ризична категорија, па семејството е во поголем ризик. Училиштата, пак, каде има мал број на ученици, во согласност со родителите, ќе можат да донесат одлука дали ќе ја следат настава со физичко присуство.
Пртоколите за физичкото присуство инаку се усогласени со МОН и предвидуваат во училниците да нема повеќе од 20 деца, тие да седат на еден ипол метар дистанца, да носат маска, наставникот да биде цело време присутен со нив, да не се излегува за време на одморите, а почетокот на различни одделенија да биде со 10 минути разлика, за да не се сретнуваат многу деца на влезовите или при излезот на крајот на наставата. Доколку овие протоколи добро се применуваат, ризикот од ширење на заразата е минимален, изјави директорот на Детската болница во Козле д-р Ангелчо Андоновски, кој е воедно и член на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.
Воедно и родителите на дечињата кои одат во градинка деновиве поднесуваа потврди Доколку родителите сакаат детето да почне да оди во градинка, мора да докажат дека не можат да работат од дома.
– За установата да ја има реалната бројка на деца што би отпочнале од септември, би ве замолиле вашите потврди да ги доставите до објектот каде што престојува вашето дете во периодот од 10 до 14 август – стои во пораките.
Конкретна одлука за нивното отворање се уште нема.