СЗО: Недоволни докази за ефикасноста на лекувањето со крвна плазма

од Nikola Popovski
137 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека Управата за храна и лекови го одобрила третман со крвна плазна на пациентите кои се опоравуваат од коронавирусот, но претставници на Светската здравствена организација предупредуваат дека овој вид на терапија сè уште не е доволно тестиран и дека „има многу малку докази дека тој е безбеден и ефикасен“.

Трамп тврди дека е постигната „историска пресвртница“ во борбата против Ковид-19, некои од неговите високи здравствени работници ја нарекуваат одлуката „ветувачка“, додека други здравствени експерти велат дека се потребни повеќе студии пред да се прослави третманот.

„Голем број клинички испитувања на крвната плазма се одвиваат низ целиот свет, но само неколку од нив пријавиле некои резултати, кои сè уште не се конечни. Овие студии се релативно мали во обем и резултатите во некои случаи укажуваат на некои придобивки од ваквиот третман, но сè уште не е заклучено за конечно. „остојано го следиме развојот на ситуацијата и правиме анализи за да заклучиме дали има напредок, но сè уште нема доволно докази“, изјавила Соумја Сваминатан, шеф на истражувачите во Светската здравствена организација, за „Гардијан“.

Брус Ајлард, постар советник на генералниот директор на СЗО, предупредил дека несаканите ефекти од третманот со плазма варираат од благ студ, преку треска до сериозни проблеми со белите дробови и циркулацијата на крвта.

На прес-конференцијата, Трамп ги повика луѓето кои закрепнале од Ковид 19 да даруваат крв. Плазмата на овие пациенти се смета дека содржи моќни антитела кои можат да помогнат во борбата против болеста и да ги заштитат луѓето од потешки форми на болеста.

„Овој производ може да биде ефикасен во третманот од Ковид-19 и познатите и потенцијалните придобивки на производот ги надминуваат познатите и потенцијалните ризици на производот, се вели во соопштението на Федералната агенција за лекови ФДА.

„Третманот со крвна плазма не треба да се смета за нов стандард во третманот на пациенти со Ковид-19. Дополнителни податоци ќе бидат достапни од други анализи и тековни, добро контролирани клинички испитувања во наредните месеци“, изјавил главниот научник на ФДА Дени Хинтон во писмото по повод одобрувањето за итни случаи.

Крвната плазма земена од пациенти кои се опоравиле од коронавирусот богата со антитела може да биде од корист за оние кои се борат со оваа болест, но досега доказите не се конечни за тоа дали работи, кога треба да се даде и каква доза е потребна.

Слични содржини