639
Вчера во 16.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје има починато лице. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за Ј.М.(59) од с.Биљановце, кумановско, велат од МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавенобвинител телото било предадено на семејството.