СДСМ: Фејк-њуз ВМРО-ДПМНЕ исплашена од капацитетот на Николовски, шири лаги и невистини

од Aleksandar Petrovski
141 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ толку многу е исплашен од потенцијалот на Љупчо Николовски и новата Влада, што уште неизбран почна да биде таргет на грозни лаги од губитничката партија на неодамнешните избори.

Наместо да ги среди внатрешните односи и што поскоро да стане вистинска конструктивна опозиција, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со нивната надалеку позната фејк-њуз политика на измислување лаги, со единствена цел да се скријат сопствените проблеми, недостатоци и некадарност.

Остро ги демантираме последните измислици на фејк-њуз ВМРО и им посакуваме побрзо заздравување од проблемите со кои се соочуваат секојдневно последниов период. Тоа е најголемата опозициска партија кој заслужува стабилност и вистинско лидерство, за нивно, но и општо добро на сите нас како демократско општество што аспирира да оди напред, се вели во соопштението на СДСМ.