Нефи Усени, советникот на ДУИ во Општина Охрид по кого беше издаден налог за приведување, денеска сам се пријавил на органите на власта.
Против Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим како осомничени сторители на кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“ беа поднесени кривични пријави, а двајцата шест дена беа недостапни на органите на прогонот.
Двајцата изутринава се пријавиле во Затворот во Охрид, во врска со истиот случај заради кој против нив беа покренати односните пријави.
Во меѓувреме, додека се трагаше по браќата Усеини, лицето С.Т. кој поднесе пријава против двајцата го смена исказот, посочувајќи дека се работи за недоразбирање односно неправилно протолкувана изјава.
Против Нефи Усеини и во минатото беа поднесени неколку кривични пријави за сторени кривични дела „насилство“, „физички напад“, „узурпација на јавна површина“.