Засилените контроли против паркирањето на пешачки и на велопатеки даваат резултати

од Aleksandar Petrovski
101 прегледи

Засилените контроли и мерки кои изминатиов период ги преземаа градските комунални редари и инспектори за да се спречи непрописното паркирање на возилата на пешачките и велосипедските патеки почнаа да даваат резултати.

Пред неколку недели, Градскиот инспекторат своите активности ги фокусираше на санкционирање на сите непрописно паркирани возила на булеварот Свети Климент Охридски и на улицата Свети Кирил и Методиј, кои претходно беа посочени од граѓаните. Во овој период нашите служби изрекоа повеќе од 100 мерки и повеќе од 50 глоби против лица за непрописно паркирање на пешачките површини и на
велосипедските патеки.

Деновиве состојбата на двете сообраќајници во централното градско подрачје е значително променета и повеќе нема узурпација на просторот од непрописно паркирани возила.

Контролите на Градскиот инспекторат ќе продолжат и во наредниот период, на локации во сите општини во Скопје.