285
Јавното градско претпријатие (ЈСП) информира дека денеска (27.08.2020 год), во пресрет на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), на линијата 60 (Транспортен центар – Матка) во период од 17.30 до 23.30 часот ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.
Зголемен број автобуси на линија 60 ќе има и утре, петок (28.08.2020 год) од 7 до 18 часот.
Поголема фрекфенција на возила на посочената линија е поради очекуван зголемен интерес на граѓаните за посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка.
Утре, петок (28.08.2020 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.