Претседателот на Владата Оливер Спасовски на денешната прес-конференција, која ја одржа како последна во функција на технички премиер, пред изборот на новата политичка влада упати благодарност до сите чинители кои се справуваа со кризата.

Спасовски упати благодарност до лекарите и здравствените работници за борбата со ковид 19, водено му упати и благодарност и на министерот за здравство Венко Филипче, кој деноноќно работеше до полицијата, армијата, економските експерти кои ги креираа мерките, медиумите, гражаните.
– Владата успешно одговори на предизвиците и направи пат за новата политичка Влада Во услови на пандемија одржавме фер и демократски избори, на кои граѓаните слободно го направија својот избор и ја дадоа поддршката за прогресивната опција. Во услови кога и покрај сите заложби невидливиот пријате одзема човечки животи, секој верувам, а и јас истото чувствуваме дека ќе можеме да се израдуваме на успесите кога ќе заврши оваа пандемија, која коси кај нас и во светот, изјави Спасовски.
Воедно Спасовски го најави четврт сет на економски мерки со доделување платежни картички и за пензионерите кои имаат приходи до 15.000 денари, како и стечакните работници. невработените кои не се активни баратели на работа, како и секој самохран родител.