Зошто Владата не ги одзема ингеренциите на општина Чаир во областа на урбанизмот и дали на господинот Заев му е побитна коалицијата со ДУИ отколку правната држава? Ова се двете прашања упатени до Владата и лидерот на СДСМ, Зоран Заев кои денеска пред дивоградбата кај ТЦ Мавровка ги постави лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески.
Македонски концепт ќе поднесе барање до Општина Чаир за информации од јавен карактер за дивоградбата пред Мавровка. Дополнително Богојески ги повика граѓаните како и сите здруженија кои делуваат во областа на заштита на животната средина и антикорупцијата да го направат истото.
“Оваа дивоградба е симбол на срамот на правната држава во Македонија. Ова прашање мораме да го држиме отворено за да ставиме крај на бандитизмот во земјава. Да ја вратиме правната држава. Да ја ослободиме Македонија”, изјави Богојески