Муслиу: Прочистување на судството и борбата против корупцијата треба да се приоритети на новата Влада

од Aleksandar Petrovski
216 прегледи

Приоритетите кои се содржани во новата владина програма се токму она на кое треба да се фокусира идната извршна власт оценува аналитичарот Алберт Муслиу за ТВ 24.

Според него неопходно е прочистување на судството, но и значајно место во приоритетите треба да биде борбата против корупцијата, за што и не случајно е формирано новото министерство со кое ќе раководи Љупчо Николовски.

Според Муслиу иако парламентарното мнозинство брои 62 пратеника тоа е сосема легитимно да донесува клучни одлуки на патот на евроинтегративните процеси.