Опозиционите партии ја одбија поканата на косовскиот премиер Авдулах Хоти да се придружат на тимот за дијалогот со српската делегација на состанокот во Вашингтон, пишува „Газета експрес“. Како што се наведува, иако постојано се бараше политичко единство пред состанокот во Вашингтон, тоа не се случи.

Хоти го повика Движењето Самоопределување да испрати претставник во делегацијата што ќе отпатува за Вашингтон, но партијата што беше на власт четири месеци, ги смета за залудни тие повици на единство.
Премиерот на Косово го покани и лидерот на опозициската Демократска партија на Косово, Кадри Весељи, но тој исто така ја одби поканата.
Експертот за меѓународно право, Дриjон Гаши, повикот за единство го смета за презадоцнет.
Гаши вели дека Косово во ниту еден случај не треба да отсуствува од состанокот во Вашингтон.
Делегациите на Србија и на Косово ќе се состанат на 4 септември во Вашингтон. Средбата требаше да се одржи два дена порано, но истата беше одложена за 4 септември.
На состанокот во Белата куќа беше најавено дека ќе се разговара за економски прашања.
Состанокот на 4 септември во Вашингтон ќе биде посредуван од американскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан, додека сè уште не е познато дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде присутен на овој состанок.