Граѓаните кои се во карантин или самоизолација, а мерката им е утврдена при влез во земјата или затоа што се во контакт со потврден случај, можат да излезат во период од седум до 20 часот за да го остварат правото на глас со задолжително почитување на сите пропишани мерки (носење заштитна маска, физичко растојание од два метра, дезинфекција на рацете, итн).

Граѓаните кои се во самоизолација или карантин и не се позитивни на коронавирус ќе можат привремено да излезат да гласаат на денот на изборите во недела на 30 август, а потоа да се вратат во карантин или дома, додека оние кои се позитивни и кои се се на домашно лекување, како и оние на болничко лекување, можат да гласаат по писмен пат.
Ова се наведува во наредбата, што ја издаде Министерството за здравство синоќа на предлог на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).