Владин претставник на Филипините ја загуби работата откако беше фатен како има секс со неговата секретарка за време на конференцијата преку Интернет.
Селскиот совет во провинцијата Кавит се собра да одржи друга средба преку Зум, кога се случи нешто неочекувано.
Шефот Хесис Естил, кој во тоа време имал секс со неговата секретарка, се појави на екранот, пренесува РТ.
Медиумите на Филипините објавија дека Естил е познат како некој кој не е многу добар со технологијата, така што тој веројатно не ни сфатил дека неговата камера е вклучена.
Така, неколку членови на советот го видоа шефот во сред акција со секретарката.
Еден од сведоците ја снимал акцијата и снимките брзо се појавија вирално на Филипините.
Видеото го прикажува Естил како се обидува да ја исклучи камерата пред да и посвети внимание на неговата секретарка.
Неколку минути подоцна, Естил се гледа како ја минува просторијата, ги облекува пантолоните, за повторно да се приклучи на состанокот.
После ширењето на видеото, Естил ќе биде отстранет од работа што е можно поскоро.