По речиси еден час задоцнување, во Собранието почна седницата на која треба да се избере новата Влада.
На ова доцнење во своето излагање реагираше пратеничката Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ која упати критика до собранискиот спикер Талат Џафери.
– Никогаш не сте дошле на време. Доцневте речиси еден час, а вие треба да стигнате прв пред сите, рече Силјановска.
На што Џафери и одговори дека бил дојден предвреме, а доцнењето е поради координација на пратеничките групи.
-Дојден сум во 15 минути до 9 часот. Не може и да очекувате јас да дојдам прв, па да ги чекам пратениците, доцнењето е поради координација на пратеничките групи. Јас не сум вреќа да удирате по мене. Јас не сум го пишал Уставот. Во рок од 15 дена треба да се свика седницата, рече Џафери.
Расправата за новата Влада, која ќе има 19 наместо досегашните 26 министри, може да трае најмногу два дена.