Димитар Апасиев од Левица на денешната собраниска седница за избор на нова влада реплицирајќи се обрати кон сегашниот мандатар на кој му посчи дека требал да си поднесе оставка.
– Вие после референдумот требаше да си заминете, да си поднесете оставки цела Влада, а не потоа, да ми извини ЛГБТ заедницата, онака пед***ски да го менувате името на државата.Без легитимитет, го променивте името на Македонија. Така прават државниците, така прави Шарл де Гол, но трговците поединци од Струмичко прават поинаку. Ова ви се последни избори на кои освојувате повеќе од 40 пратеници, бидејќи и на светско ниво социјалдемократијата веќе не е секси – рече Апасиев.
Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев претходно побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери да свика посебна Седница за пратенички прашања на која би се расправало за пропаста на Евростандард банката, преку пратенички прашања.
Во одговорот, Џафери ги цитираше членовите од Деловникот според кои седница може да свикаат само 20 пратеници, а зад барањето на Апасиев стојат двајца од Левица.