Лукаревска: Оваа влада е огледало на мултиетничкиот карактер на државата и концептот едно општество за сите

од Aleksandar Petrovski
155 прегледи

Сања Лукаревска од СДСМ оцени дека општествен пораз е што политичарите досега не успеале да ги надминат разликите за најважните рашања, а постигнатиот национален консензус секогаш се сведувал на декларативни заложби.

-Победата на Коалицијата „Можеме“ е потврда дека граѓаните се определија за членство во НАТО, за почеток на пристапни преговори во ЕУ, за прочистување на правосудниот систем, владеење на правото, што ќе обезбеди економски прогрес и подобар животен стандард, рече Лукаревска.

Ја повика опозицијата да смогне сили да и погледне во очи на реалноста и оти на власта и е потребна модерна опозиција.

-Оваа влада е нова надеж, нуди визија за идните четири години, но и ги потврдува сите претходни слабости за кои граѓаните очекуваат конкретни решенија. Како владејачко мнозинство покажавме дека не сме слепи за барањата за граѓаните. Оваа влада е и огледало на мултиетничкиот карактер на државата и концептот едно општество за сите, рече Лукаревска.

Пратеничката Лукаревска заклучи дека оваа влада е најдобрата опција за сегашноста и за иднината на Северна Македонија и оти оваа власт ќе биде будно око на граѓаните и ќе служи на нивните интереси.