Заев кон ВМРО-ДПМНЕ: Милијарда бутнавте само во споменици и жални врби

од Aleksandar Petrovski
147 прегледи

Во однос на долговите, мандатарот Зоран Заев рече дека досега се пуштени 550 милиони евра на граѓаните и на компаниите, а следуваат уште стотици милиони евра пари што стојат на сметката на буџетот.

-Никојпат македонскиот пат и сите граѓани на оваа земја не добија толку пари од својата земја, од своите даноци што ги плаќа во својата земја. Милијарда бутнавте само во споменици и жални врби. Ние делиме на народот да му помогнеме и тоа е голема разлика затоа треба да заврши наративот за зборување за минатото посебно со искровоколчени фрази затоа што граѓаните очекуваат иднина. Денеска овде зборував за иднината, зборував за младите, за децата, за идните генерации. Тука да го водиме наративот. Заврши времето на лажење, заклучи Заев.