Лукаревска: Граѓаните ги поддржаа прогресивните сили, а не оние кои ќе не вратат назад кога се трагаше по античките корени и хунзите

од Aleksandar Petrovski
160 прегледи

Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во денешното обраќање во Собранието посочи дека сите треба да сме горди затоа што ова е прва собраниска дебата за избор на нова Влада во која нашата држава е полноправна членка на НАТО и започнува преговори со Европската унија.

– До денес сите изборни соочувања биле историски и раскрсници, како и последниве. Граѓаните одлучуваа дали ќе дадат поддршка на прогресивните сили или ќе не вратат назад во мрачното време кога се трагаше по античките корени и хунзите, истакна Лукаревска.